Унгарија, Холандија, Белгија и Романија се полуфиналистите на Европскот првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
Унгарија, Холандија, Белгија и Романија се полуфиналистите на Европскот првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
Во рамките на вчера одиграните четвртфинални дуели, Холандија го направи најголемото изненадување откако ја совлада Унгарија со 74 наспроти 63 поени.
Противник на Холандија ќе биде селекцијата на Словачка која ја победи Португалија со резулат 58 : 48.
Белгија немаше поголеми проблеми со Израел победувајќи со 85 наспроти 73, додека Романија беше поуспешна од Грција победувајќи со 64 : 56.
За денеска на програмата се полуфиналните натпревари и тоа дуелот Словачка – Холандија што ќе се игра од 18:45 часот, како и натпреварот Белгија – Романија чиј почеток е закажан за вечерниот термин од 21:00 часот.
Македонските репрезентативки кои вчера беа поразени од Австријките, денеска на пладне ќе играат против селекцијата на Велика Британија, која ќе треба да ја совладаат со повеќе од шест поени разлика за да го избегнат последното 11-то место на Евробаскетот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град