Официјалните податоци од светската туристичка организација за земјите од Европа,поразителни. Бројот на туристи драстично мал и во Охрид.
Светската економска криза го зеде својот данок во туризмот.Официјалните податоци од светската туристичка организација, за првите четири месеци од меѓународните туристички движења се поразителни. Само за Европа истите бележат пад од 10%. Катастрофално е намален бројот на туристи и кај нас, вели Дончо Таневски претс. на здружението на хотелиери.
Во изминативе години, најголем број од туристите на Охридското крајбрежје, беа гости од нашите соседни земји: Албанија, Грција, Србија и Хрватска. Кај сите нив економската криза е длабоко навлезена. Индексот на потрошувачка доверба е многу низок, што значи дека граѓаните имаат помала склоност да трошат. Сето тоа допринесува за ваквата состојба во туризмот со која се сретнуваме во шпицот на сезоната, каде наместо полни хотелски соби се почесто има празни, вели економистот Доц. Попоски.
Здружението на хотелиери како рашение за ваквата состојба зачна идеја за поттикнување на домашните туристи да поминат одмор од седум дена во Охрид, Дојран или Преспа. Меѓутоа истото не доживеа реализација, вели првиот човек на ХОТАМ. Заклучно, очекувањата се остварија. Светската економска криза има дирекно влијание врз туризмот заклучуваат економистите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град