Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.
Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.
Според агрометеоролозите, ваквите временски услови сеуште им годат на земјоделските култури во услови на презимување.
Останува и препораката, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките зошто операцијата е обемна, а битно е да се заврши навреме.
Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите кои се на многу ниско ниво, но ваквата снежна покривка сеуште не е доволна – оценуваат агрометеоролозите.
Извор/МИА
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град