Тренчевска: Со ССМ ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

„Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари, а до крајот на мандатот на 20.000 денари“, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ.

 |   | 

„Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари“, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ.

Денеска со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија имаме состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ќе разговараме за минималната плата и за дијалогот кој ќе го продолжиме понатаму во Економско социјалниот совет за да изнајдеме најдобро решение прифатливо за сите – рече министерката Тренчевска.

Тренчевска посочи дека од почетокот на годината извршени се 163 инспекциски надзори при што се констатирани 34 неправилности за кои се изречени инспекциски мерки. Од нив 29 се решенија за опомена согласно Законот за работни односи, а 5 се за забрана согласно Законот за трговија.

Сите податоци од извршените инспекциски надзори јавно се објавени на страницата на Државниот инспекторат за труд. Наскоро очекувам да биде објавена и листата на работодавачи кои што доставиле известување, согласно Законот за работни односи, од обврската пријава дека ќе работат во недела. Така сите заинтересирани граѓани и медиуми можат да следат кои работодавачи ќе работат во недела. Ако видат дека некој нема пријава за работа во недела ќе може да ја пријават неправилноста – рече министерката Тренчевска.

Според Тренчевска праксата ќе покаже какви се ефектите од имплементацијата на недела неработен ден, бидејќи на терен Законот за недела неработен ден се спроведува само еден месец. Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали целта е постигната.

Со новото законско решение 8% од работниците кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да биде прекинат во недела, ќе добиваат 50% повисока дневница и дополнително еден слободен ден во текот на наредната недела.

Тренчевска информираше дека Министерството за труд и социјална политика од отворањето на градинките во септември 2020 година до денес, будно ја следи состојбата во врска со пандемијата предизвикана од Ковид 19 и дека процентот на вакцинирани вработени во детските установи е висок.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top