Општина дебрца го одбележува втори февруари – Светскиот ден на водните живеалишта

По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“.

 |  Голабовски Крсте  | 

Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Охрид и Хидробиолошкиот Институт од Охрид.

Настанот ќе се одржи во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, Општина Дебрца, с. Белчишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top