ИПА Охрид донираше пакети на 33 социјално загрозени семејства

Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи.

 |   | 

Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи.

Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реализирана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид. На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење и ќе се реализира и во Струга, Кичево и Дебар, како подрегиони на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид – вели претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски.

Интернационалната полициска асоцијација е независно тело составено од членови на полициската служба, без разлика дали се во активна служба или пензија и без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија со цел да се промовира меѓународната соработка врз основа на начелата во декларацијата за човекови права на Обединетите Нации. Оттука, мотото на ИПА гласи „СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top