Закажана 4-та седница на Советот на општина Дебрца

Свикана 4-тата седница на Советот на општина Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.01.2022 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на општина Дебрца.

 |   | 

Свикана 4-тата седница на Советот на општина Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.01.2022 година (петок), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                      

                                                            Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 2-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на општина Дебрца
  3. Предлог Одлука за утврдување на стапките на даноците на имот во општина Дебрца
  4. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2021 година
  5. Предлог – Одлука за предавање во сопственост на движна ствар – возило за собирање на комунален отпад – половно товарно, марка Scania P4x2 на ЈКП „Дебрца“
  6. Предлог – Годишна програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2022 година
  7. Предлог – Одлука за именување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  8. Предлог – Одлука за именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2022-2024 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (бр. УП108-62/21 од 04.10.2021), и донесување на предлог тарифи-цени за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за домаќинства и останати (правни лица)
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлукаа за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за собирање на урбани отпадни води на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2022-2024 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (бр УП108-63/21 од 04.10.2021), и донесување на предлог тарифи – цени за собирање на урбани отпадни води за домаќинства и останати (правни лица)
  11. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош

 

  • Советнички прашања
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top