Заливот на коските, по осум месеци од отварањето, станува туристичка атракција, со исклучителниот археолошки комплекс, единствен во овој дел од Европа.
Заливот на коските, по осум месеци од отварањето, станува туристичка атракција, со исклучителниот археолошки комплекс, единствен во овој дел од Европа.
Од ден на ден е се попривлечен музејски простор за голем број туристи, и домашни и странски.
Овој Музеј на вода, само пред стартот на туристичката сезона го посетиле 12 илјади посетители, и е навистина добра бројка вели задоволно директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Музејскиот комплекс е нов и атрактивен, иако, посетеноста не е ништо помала и во другите музејски простори како што е Самоиловата тврдина нагласува Паскали Бунташеска. Таа додава дека од есен следува втората фаза на негово до уредување со бунгалови и видиковци на Римскиот каструм, доформување на паркингот и капијата, поплочување на плажата и хортикултурно уредување на целиот простор.
Атрактивниот Музеј кој се наоѓа на самиот магистрален пат Охрид-Св.Наум – Поградец, а е во непосредна близина на авто-кампот Градиште, сигурно би привлекол уште повеќе туристи доколку е соодветно обележан. На патот сеуште нема поставено соодветна информативна табла. Од Завод и Музеј посочуваат дека пропустот е во Македонија пат, таму доставиле нарачка за сигнализиција уште додека се градел Музејот.
Кога ќе бидат поставени информативните табли, одговор побаравме од Македонија пат.
Од Македонија пат – секција Охрид, велат досега немаат никакави сознанија ни инструкции за поставување на сообраќајната сигнализација.
Не упатија по одговор во Агенцијата за патишта.
Нашата потрага по одговор ја упативме и до оваа институција. И од таму молк, немаат одговор зошто досега не е изработена информативната табла. Овој комплекс во кој се вложени големи финансиски средства не заслужува и по 8 месеци од неговото отварање да биде без соодветно обележување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град