Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти.
Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти.
Домаќин на предавањето ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, модератор е професор Ташко Ризов, а истото ќе биде спроведено од страна на Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана.
Предавањето опфаќа искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига, во Јапонија, старо езеро над 4 милиони години и проценето како 13-то најстаро езеро во светот. И Охридското и езерото Бива се заштитени со закон и се на листата на светско наследство на УНЕСКО. Музејот на езерото Бива и Хидробиолошкиот институт во Охрид остварија научна размена и соработка во 2017 година.
Професорите Јамасаки Масафуми и Ичики Шигеказу со учесниците ќе ги разменат јапонските знаења и искуства за теми кои се поврзани со Охридското Езеро.
Јамасаки Масафуми е почесен професор на Универзитетот Рицумејкан, член на Институтот за градско планирање на Јапонија и член на Јапонскиот комитет на ИКОМОС. Дипломирал на Универзитетот во Кјото каде се стекнал со магистерски и докторски дипломи. Тој стана професор на Универзитетот Рицумејкан и ја доби Првата награда на Годишниот конкурс за дизајн на Архитектонскиот институт на Јапонија, „Предлог дизајн за историскиот округ Фушими, Кјото“ во и Наградата за одлична статија, Институтот за градско планирање на Јапонија .
Ичики Шигеказу работеше за општината на префектурата Шига по дипломирањето и магистрирањето на Универзитетот во Кјото. Тој е распределен во Агенцијата за животна средина во одделот за управување со квалитетот на водата и Бирото за зачувување на квалитетот на водата и бил предавач на Универзитетот Рјукоку, Универзитетот во Кјото и Факултетот за глобални еколошки студии. Во моментов е секретар на Меѓународниот комитет за езерска животна средина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град