Манчестер Сити се откажа од Ето

Англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер Сити објавил дека се откажале од идејата во своите редови да го ангажираат Самуел Ето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Samuel Eto
Самуел Ето

Англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер Сити објавил дека се откажале од идејата во своите редови да го ангажираат Самуел Ето.

Samuel EtoСити и понуди на Барселона 25 милиони евра за напаѓачот, но Камерунецот не беше премногу воодушевен, а по оддолговлекувањето со конечниот одговор, Англичаните одлучиле да се повлечат од целата работа.
“Без двоумење, Самуел Ето е одличен играч, но околностите кои го опкружуваат се такви да не можно е трансферот да се заврши” – објаснил на клупската интернет страница шефот на Сити, Гери Кук.

“Имаме јасна стратегија околу ангажирањето на фудбалери и ќе продолжиме и во иднина да ја спроведуваме” – додал Кук. При споменувањето на “јасната стратегија”, Кук веројатно алудирал на финансиските барања на Ето (Камерунецот бараше 18 милиони евра годишно и 14 милиони само за потпис на договорот), што очигледно ниту пребогатите газди на Сити не можеле да си го дозволат.

Ето добил понуда и од Барселона за нов двегодишен договор, а англиските медиуми изминатите денови го споменуваа и интересот на Манчестер Јунајтед, но конечна одлука за иднината на Камерунецот сеуште нема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top