Продолжува акцијата за расчистување на снежните наноси. Вечерва повторно се чистат критичните точки низ градот. Во акцијата се вклучија и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Билјанини извори“ со сопствена механизација и луѓе. Според последните информации поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок. Во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се веќе расчистени.
Благодарност до кафе бар „Инстикт“, кафе бар „Летница“ и „Кожувчанка“ за донираните топли напитоци и сокови за сите што се вклучени во активностите на Комуналец за расчистување на снежните наноси – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Откако започнаа врнежите од снег, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен. Најпрво се чистеше снегот на повисоките места , меѓу кои Велестово, Елшани, населба Св. Стефан.
Снежната покривка се расчистуваше и од јавните пешачки површини. Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Покрај сообраќајниците, снегот се расчистуваше и од јавните пешачки површини со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните. Се расчистуваше снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”, централното градско подрачје и Стар Град.
Од Јавното претпријатие потсетија на законската обврска согласно Законот за јавна чистота која ја имаат граѓаните и правните субјекти, да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.