Насилство, возење под дејство на алкохол, сообраќајка-СВР Билтен

На 19.01.2022 година во 19.40 часот во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, А.Ф.(41) физички го нападнал Г.Б.(58), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 |  Голабовски Крсте  | 

На 19.01.2022 година во 19.40 часот во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, А.Ф.(41) физички го нападнал Г.Б.(58), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18/19.01.2022 година од 21 до 02 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, при сообраќајни контроли на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, констатирале 3 прекршоци. Возачите се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 19.01.2022 година во 20.20 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, случена е  сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила: „Голф”, управувано од Д.Г.(37) од Струга и „Мерцедес”, управувано од Т.П.(25) од струшкото село Ложани, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата возачот Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. На местото на несреќата, увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top