Повторно горат трските во Охридското Езеро на струшкото крајбрежје. Пред само неколку дена на потегот помеѓу Струга и селото Калишта имаше пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што беше опожарена трска со површина од околу 10.000 квадратни метри, сопственост на државата.

На опожарените места подоцна никнуваат плажи, угостителски објекти, хотелски комплекси или обработливо земјоделско земјиште.
Трската е важен дел од природниот екосистем. Таа е живеалиште и храна за разни видови животински организми од крајбрежјето на Охридското Езеро, како што се многуте безрбетници, рибите, особено краповидните риби и некои водни птици, кои живеат токму тука. Таа претставува место каде што се мрестат огромен број риби, меѓу кои крапот и плашицата и место каде се гнездат водните птици: пајки, чапји и лебедот.
Со уништувањето на трските, на било каков начин преку сечење, палење, корнење, затрупување со градежен шут и земја, се уништуваат и природните живеалишта во крајбрежната зона. Трските се повеќе годишни растенија и доколку се исечени или запалени коренот останува и оттаму може повторно да истераат следната година, но ако се искорнати, тие се комплетно уништени. На местото каде што е изгорена трската птиците не доаѓаат да се гнездат, ниту пак рибите да се мрестат.
Извор/НоваМакедонија
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град