Утре започнува традиционалниот „Вевчански карневал“

Вевчани ја продолжува вековната традиција. Од утре започнува одбележувањето на Василица. Годинава покрај карневалското дефиле и обичаите на василичарите ќе има и богата културно-уметничка програма.

 |   | 

Вевчани е подготвенo за најголемата карневалска манифестација во земјава. Годинава општината подготви богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето започнува од утре со официјално отворање на Мултикултурниот центар „Коста Србакоски”, каде ќе има изложба на фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори.

Вечерта ќе има концерт на DJ Face и Жаре Бербер. Следниот ден, на 13-ти јануари, концерт на Перо Бели, Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски, а точно на полноќ традиционално со огномет вевчанци ќе ја дочекаат Православна Нова година.

Би испратил апел да се почитуваат мерките. До целокупната македонска јавност и светска јавност би испратил порака да не бидеме суетни, вевчанските маски не сакаат никого да навредат, ниту на национална, ниту на верска основа. Тие ја отсликуваат целата реалност што била во изминатата година колку сме имале негативна енергија толку ке изгледаат негативни маските меѓутоа маските се критика на она што се случува не само во Вевчани туку и во земјава, Европа и светот – вели Спасе Кочоски, градоначалник на општина Вевчани.

Во четврток околу 14 часот ќе се случи карневалското дефиле на маските. Градоначалникот на Вевчани оствари средба со Василичарите, тој ги повика да се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот.

Токму денес утрово имав средба со двете василичарски друштва пораката е јасна тие секогаш прават организација на високо ниво, се случуваат некогаш инциденти меѓутоа не треба да се преувеличуваат не е во негативен контекст. Вевчани како и секоја година делот за Свети Василија си оди тековно знаете во организација на двете Василичарски друштва Горна и Долна маала. На 13-ти е дефилето Василичарско од почетокот од влезот на Вевчани до сред селото и низ улиците на Вевчани – додава Кочоски.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13-ти јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Манифестацијата завршува на 14-ти јануари со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани. Вевчанци живеат за карневалот, тие цела година подготвуваат маски, кои ги држат во строга тајност се`до првото Василичарско оро. За Православна Нова година илјадници туристи традиционално се дел од Вевчанскиот карневал, со исклучок на лани кога општината не организираше ништо, но василичарите ја продолжија традицијата при што дојде до судир со полицијата.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top