„Купуваме кеси со реклама“, се жалат граѓаните.
Новиот закон е на наша штета, додаваат тие. Никаде во законот не стои дека кесите не треба да поседуваат заштитен знак од фирмата што ги продава, велат од пазарниот инспекторат.
Наредбата за забрана за ставање во употреба на кеси за транспорт на стоки е во штета на граѓаните. Тие се жалат дека тој има многу недоречености.
Началникот на пазарниот инспекторат вели дека надлежните постапуваат искучиво според законот.
„Во него никаде не стои дека трговците не смеат да продаваат кеси со заштитен знак на фирмата“, вели Ѓорѓи Бошалевски.
Бошалевски потенцира дека надлежните постојано се на терен и вршат увид колку се почитува законот.
„Кај сите трговци кај кои ќе се забележат нерегуларности при спроведување на истиот ќе бидат поднесени соодветни казни“, вели началникот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град