Три охридски хотели добија мандатни казни од по 800 евра. Ова е резултатот од контролата на Пазарниот инспекторат.
Три охридски хотели добија мандатни казни од по 800 евра. Ова е резултатот од контролата на Пазарниот инспекторат.
Началникот ги демантира гласините дека некои хотели си допишуваат ѕвездички за да ја зголемат категоризацијата.
„Барем ние не сме затекнале ваков случај“, вели Бошалевски.
Со какви хотели располага Македонија? Која е категоризацијата на хотелите во Охрид? Ова се најчесто поставуваните прашања деновиве, откако во јавноста се појавија информации дека дел од хотелите сами си допишуваат ѕвезди на своите категоризации. Туристичките работници за ова се погласно зборуваат, но не сакаат јавно да го изнесат проблемот со кој се соочуваат. Зоран Николовски од Министерството за економија не негира дека има такво нешто кај нас, но вели дека тоа се случува само на промотивни материјали за хотелите, а не на таблите кои ги изготвува и доделува ова министерство.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека при последната контрола во Охрид, три хотели заработиле глоба во висина од 800 евра поради одредени неправилности во нивното работење, вели началникот на пазарниот инспекторат Горѓи Бошалевски и додава дека казните не се поврзани со додадените ѕвезди за категоризација.
Претседателот на Стопанската комора за туризам Емил Димитровски вели дека сегашниот правилник за категоризација има многу недостатоци и затоа смета дека е потребна итна смена на комисијата која ја врши категоризацијата.
Инаку, во Охрид 80% од хотелите имаат две и три ѕвездички, а само хотелот „Инекс Горица“ е со 5, а хотелот „Дончо“ со 4 ѕвездички. Дознаваме дека во тек е изготвување на нов правилник со стандарди за категоризација на хотелите во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град