• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Учениците на Бреинобреин од Охрид добија меѓународни сертификати за успешно завршена програма

Учениците на Бреинобреин од Охрид добија меѓународни сертификати за успешно завршена програма

Упорност, искрена посветеност и работа, поддршка од родителите и професионални, креативни тренери беше патот до успехот и целта – завршување на комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид на единаесеттата генерација на ученици. Тие на пригодна свеченост, во просториите на Црвен крст Охрид ги добија меѓународните сертификати за успешно завршена БОБ програма.

 |   | 

Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признати едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од страна на меѓународни инструктори.

Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид во моментов ја следат преку 70 деца, а од 20.01.2022 г. започнуваат уписите на нови групи. Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 227433.

Овој период тренерите и децата во Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот посветени се на интензивни подготовки за учество на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 29 јануари 2022 г. на онлајн платформа, а учество ќе земат преку 25000 ученици од 75 земји од светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top