Во Струга одбележани 80 години од првото пеење на химната на Македонија. Струшките родољуби на дочекот на Новата 1942 година, заедно со авторот на химната Владо Малески во куќата на Сотир Шута во центарот на Струга за прв пат ја отпеале државната химна.
Струга одбележа осум децении од првото пеење на химната на Македонија. Струшките родољуби на Новогодишната ноќ во 1942 година во куќата на Сотир Шута за прв пат ја отпеале „Денес над Македонија се раѓа”.
Државната химна е напишана во 1941 година од стружанецот Владо Малески, таа денес е единствениот национален симбол на Асномска Македонија создадена во 1944 година.
Тоа се случило спонтано на дочекот на Новата 1942 година тогаш напредната младина на Струга , меѓу кои имало и скоевци и комунисти се договориле тоа да го направат помасовно, но сепак во илегала. И тогаш Владо Малески авторот на химната за прв пат ја отпеал химната, тоа било големо воодушевување – вели професор д-р Сашо Цветкоски.
И после осумдесет години од интрепретацијата на македонската химна, денес Македонците повторно се борат за своите правдини, велат потомците на Малески.
Повторно ја бранат не само посебноста на македонскиот јазик и националност, туку и правото на нив, пред се од оние кои ни беа сојузници против оние кои не поробуваа, не угнетуваа и условуваат. Затоа ние слободоумните стружани се собравме денес тука да оддадеме почит на овој важен историски настан – рече Снежана Николовска, потомок на родот Малески.
На секои десет години стружани се присетуваат на овој значаен историски настан со полагање на цвеќе пред спомен плочата посветена на македонската химна, поставена на местото на куќата од Шута во центарот на Струга.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град