Во Струга ќе се гради туристичка развојна зона. Ќе никнат стотина туристички куќи, неколку хотели и базени. Слободната туристичката зона ќе се гради на просторот над Калишкиот манастир, а ќе бидат запазени препораките на Унеско.
Во Струга ќе се гради слободна туристичка развојна зона. На 15 хектари на потегот кај Калишта ќе „никнат” стотина туристички куќи, два хотели и базени. Потребата се должи на недостатокот на современи туристички капацитети во градот на мостовите.
Градоначалникот Мерко, вели има повеќе заинтересирани инвеститори за развојната туристичка зона.
Имаме седум инвеститори досега пријавени. На влада го имаме започнато овој проект и мислам дека ќе станеме еден од најголемите туристички центри не на Балканот, туку и пошироко – вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Туристичката развојна зона ќе се гради на државно земјиште на просторот над Калишкиот манастир.
Многу е битно да донесеме детален и генерален урбанистички план на градот за проширување. Во овие предели каде сега е генералниот план имаме негде шест улици кои поврзуваат, а со тоа ќе направиме некаде пола град повеќе – додава Мерко.
При изградбата на развојната туристичка зона според Мерко ќе бидат запазени препораките на Унеско, нема да има градби во заштитениот езерски појас.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град