• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со новиот закон нема да се легализираат дивоградби во Охридскиот регион кои не се во согласност со Планот за управување

Со новиот закон нема да се легализираат дивоградби во Охридскиот регион кои не се во согласност со Планот за управување

Владата го усвои новиот закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Нема да може да се легализираат дивоградби изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, објекти изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, како и објекти изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, кажа на денешната прес конференција Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година.

 |   | 

Владата го усвои новиот Предлог – закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година. Новиот Предлог-закон денеска го презентираа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Со Предлог-законот се предвидува дека нема да бидат легализирани сите видови на дивоградби изградени во рамки на заштитните подрачја посочи министерот Нуредини.

Сите видови на бесправно изградени објекти во границите на охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со  Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, ова подрачје како што сите знаеме има природна и културна универзална вредност, во него ќе може да се спроведе легализација само на објектите кои се во согласност само со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион – истакна Нуредини.

Сите објекти коишто се во строга заштита и објектите во зона за активно управување не можат да бидат предмет на легализација, а тука спаѓа и старото градско јадро на Охрид, објасни Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тоа значи сите најстрого заштитени зони и подрачја во државата се надвор од овој закон. За останатите зони коишто се зона за одржливо користење, на пример за таквата зона секако ќе може да се поднесе барање за ставање правна рамка, но за таквиот објект и за таквото барање ќе треба да се добие дополнително освен барањето и согласност од животна средина за ваквиот објект. Така што се она коешто беше побарано и е прифатливо веќе гледате дека е вградено со максимален фокус на заштитените зони и подрачја на се она кое што е од интерес на граѓаните  на животната средина. Дополнително од министерството за култура барањето за старото градско јадро на Охрид на УНЕСКО е исто така исклучено исфрлено од можноста за ставање во правна рамка – кажа Бочварски.

Не може да се легализираат ниту згради, како и доградби и надградби на зградите со намена А2, како и сите видови на времени објекти (базени, гаражи), сите видови на урбана опрема и помошни објекти кои се во функција на друг објект. За легализацијата на дивоградбите нема да се плаќа како досега по едно евро за метар квадратен туку за објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 отсто, како казна за бесправното градење, за објект со површина над 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 100. Истовремено, лицата со приход до 180.000 ден нема да плаќаат надоместок. Владата ќе го достави предлог законот на усвојување пред пратениците и очекува со него да се заокружи процесот на легализација на бесправни објекти во државата.

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top