Се нарушија односите помеѓу локалната самоуправа и Жителите на Пештани. Најавената денешна средба не се спроведе во целост.
„Контактирам со месни заедници а не со иницијативни одбори“, вели Петрески.
„Маките на Пештанци ги слушнав пред една недела на средба со Месната заедница“, додаде тој.
Градоначалникот одбил да разговара со 13 -те Пештанци и претставниците на месната заедница, обвинуваат тие.
„Во Пештани е вистински хаос. Само се ветува а ништо не се исполнува“, вели и Боре Туркалески.
Од локаланата самоуправа пак имаат друга приказна. Се оградуваат дека не сакаат да ги решат проблемите на пештанци. Градоначалникот признава дека не ги примил.
Моменталните препукувањата на жителите на с. Пештани и локалната самоуправа, сега можат да бидат на штета и на туристите кои и онака ги има во мал број. Неподигнатиот смет и улиците по кои течат фекалии ги гледаат и туристите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град