Крв на паричник!

„Цените на земјоделските производи на Охридскиот пазар, безобразно високи“, велат граѓаните. Со иста констатација и производителите.

Климе Попоски

„Цените на земјоделските производи на Охридскиот пазар, безобразно високи“, велат граѓаните. Со иста констатација и производителите.

Охриѓани туристи во сопствениот град. Иако на градскиот пазар има шаренило од овошје и зеленчук, цените се толку високи што ретко кој може да си го приушти задоволството да си купи она што ќе посака.
Климе ПопоскиИ земјоделците-производители сметаат дека цените на нивните производи се прилично високи за овој период.

„Меѓутоа притиснати од бројните давачки принудени сме истите да ги нудиме по овие цени“, велат тие.

Продавачите за да ја формираат својата цена поаѓаат пред се од трошоците на производството и нормално од потрошувачката. Бидејќи замјоделските производи не се предмет на регулација, каде државата не ја одредува висината на цената, истата слободно се утврдува на пазарот, посочуваат економистите.

„Охрид е туристички град и со тоа логично е побарувачката да е висока, па се разбира дека и цените на производите ќе бидат високи“, вели Попоски.

„Ваквата состојба ќе продолжи се додека кај нас одредено здружение не застане во заштита на потрошувачите“, појаснува тој.

Се додека потрошувачите ги купуват производите по вакви цени, тие нема да се намалат, појаснува Проф. Попоски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top