Новогодишните празници влеваат малку оптимизам во туристичкиот сектор. Најава за туристи на брегот на Охридското езеро има од соседството.
Новогодишните празници влеваат малку оптимизам во туристичкиот сектор. И покрај притисокот на пандемијата има интерес кај граѓаните за патување и прослави. Според тур операторите најмногу интерес за новогодишни аранжмани на брегот на Охридското езеро има од соседството Албанија, Косово, Црна Гора и Србија, кои традиционално се редовни во овој период од годината. За разлика од минатото пред пандемијата кога се бараше место повеќе, според ХОТАМ сега само 30% од хотелските капацитети се букирани.
Се надевам дека туристичките барања и резервации за Балканот ќе се зголемат дека ќе почнеме да живееме нормално и дека ќе се зголеми бројот на странски гости во РМ. Мора да се потрудиме како туристички работници што поскоро да се вратиме во нормала, да ја промовираме Македонија на повеќе странски пазари и да имаме поголем број на странски гости – вели Филип Стефаноски, тур-оператор од Охрид.
Од Агенцијата за туризам велат работат на воведување новиа авио линии за поврзување со повеќе странски земји и промоција на земјава за привлекување на што поголем број туристи.
Тие ограничувања на движењето, затворањето на државите, рестрикциите придонесоа кон намалувањето на бројот на домашни и странски гости, а со тоа и намалувањето на приходите по тој основ. Токму од тие причини потребна ни е координација и заедничка соработка со општините и со целокупниот туристички сектор со цел да дојде до закрепнување на оваа стопанска гранка и нејзин понатамошен развој – вели Валентина Переска, раководител во Агенцијата за туризам – Струга.
Хотелско-туристичкиот сектор во изминатиов период во повеќе наврати апелираше за помош од државата, бидејќи поголемиот дел од вработените веке неколку месеци се на 70% плата, а хотелите зјаат празни. До денес не добиле никаква финансиска помош од државата.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град