Недостиг на готвачи и шефови на кујна во охридско-струшкиот регион

Во охридско-струшкиот регион недостигаат готвачи и шефови на кујна. Ниските плати и рестрикциите во пандемијата главни причини за одливот на вој стручен кадар во странство. Здруженијата на готвачи од регионот се обидуваат да помогнат и да ги мотивираат младите, за таа цел спроведуваат забрзани курсеви за готварство.

 |   | 

Готвачи и шефови на кујна се најдефицитарен кадар во охридско-струшкиот регион. Пандемијата, затворањето и рестрикциите дополнително го продлабочија проблемот. Готварството во светот е ценета и добро платена професија, но во земјава сеуште го нема заслуженото место, па затоа и не ги привлекува младите.

Голем дел од овој стручен кадар во потрага по подобар живот заминаа во странство.

Како што почна кризата се поголем и поголем е тој недостаток има доста наши колеги кои не можеа да го издржат овј притисок и преминаа во други области некои заминаа надвор – вели Влатко Горгиески шеф готвач.

Скоро 80% од готвачите се надвор од државата. Треба платата да се покачи, бидејки готвачите се незадоволно, надвор од државата се плаќа повеќе – Горан Филипов шеф готвач.

Здруженијата на готвачи од регионот се обидуваат да помогнат и да ги мотивираат младите, за таа цел спроведуваат и забрзани курсеви.

Тие курсеви се отворени за сите невработени без разлика на возраста за сите невработени лица можат да ги посетат. Она што не може да се стекне како познавање во образованието ние го предаваме практично – вели Димитар Арнаудоски шеф готвач.

Покрај готвачи, недостигаат и келнери, шанкери и рецепционери. Особено загрижува тоа што значително е намален интересот за изучување на насоките туризам и угостителство и во средно училиште и на факултетот.

Угостителите се загрижени, велат дејноста им е загрозена поради недостигот на работна сила.

 

Новинар : Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top