Македонската женска кошаркарска репрезенцатија до 20 години поразена на стартот од натпреварите во рамките на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Охрид.
Македонската женска кошаркарска репрезенцатија до 20 години поразена на стартот од натпреварите во рамките на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Охрид.
Македонските репрезентативки синоќа во салата „Билјанини извори“ не успеаја да ги совладаат одличните Израелки, кои на крајот славеа победа со резултат 76:60.
Во другиот натпревар во рамките на „Б“ групата во кои е нашата репрезентација, Словачка ја совлада Холандија со резултат 88:78.
Во „А“ групата одиграни три натпревари. Унгарија ја совлада Велика Британија со 63:47, Белгија поуспешна од Португалија победувајќи со резултат 64:56, додека фаворизираните репрезентативни на Грција се изнамачија во дуелот против кошаркарките на Австрија, оствауварјќи тесна победа 44:41.
На третиот ден од натпреварувањата по групи, нашите кошаркарки денеска ќе ги одмерат силите со репрезентативките на Холандија, а во групата уште ќе се игра дуелот Романија – Словачка. Денеска слободна е селекцијата на Израел.
Во „А“ групата денеска на распоред се двојките Белгија – Австрија, Унагарија – Грција и Португалија – Велика Британија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град