Скоро два часа охридско-струшкиот регион е без електрично напојување.
Скоро два часа охридско-струшкиот регион е без електрично напојување. Неофицијално станува збор за поголем проблем кој настанал поради обилни врнежи од дожд и снег.
Проблеми има и со телефонската мрежа, а без струја се Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца.
Граѓаните се изреволтирани бидејќи повеќето од нив се греат на електрична енергија.
Инаку, прекинот на струјата се случи денес пред 12 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град