Казнети 55 возачи на подрачјето на СВР Охрид поради надминување на дозволената брзина

На 8-ми и 9-ти декември 2021 година на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Санкционирани се 55 возачи.

 |   | 

На 8-ми и 9-ти декември 2021 година на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли, а притоа казнети се 55 возачи.

Притоа, полициските службеници регистрираа и санкционираа 55 возачи на моторни возила кои во населено место управувале со поголема брзина од дозволената (Охрид-21, Струга-13, Кичево-21) и 22 возачи што ја пречекориле дозволената брзина, надвор од населено место (Охрид-09, Дебар-13). Полициските службеници во Охрид затекнаа и од сообраќај исклучија едно лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, а во Дебар санкционирано е едно лице, поради бесправно управување на моторно возило – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top