• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид

Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид

Потпишан Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност од Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Станува збор за вредна донација на мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница. Ова е втора голема донација од јапонскиот народ за охридската болница по набвката на амбулантно возило.

 |   | 

Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение.

Во рамките на иницијативата на Западен Балкан, Јапонија е силно посветена во поддршката на земјава во социо-економскиот развој што е многу важен за интеграцијата во Европската унија. Јапонската влада со мали грантови за човековите потреби и човековата безбедност е еден од столбовите на нашата стратегија на соработка во Македонија – вели Хиронари.

Благодарност за грантот од Јапонската влада изрази охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Тој напомена дека на средбата со амбасадорот Савада разговарале за меѓусебна соработка која ќе го подобри живеењето на граѓаните.

Разговаравме околу тоа што нас ќе ни претстои во периодот, соработка околу Унеско и можноста Јапонија преку донација на Унеско да помогне во она што значи спроведување на Планот за управување со општина Охрид и она што ќе е потребно во наредните години – истакна Пецаков.

Д-р Горан Балески, директорот на ЈЗУ Општа болница-Охрид, исто така се заблагодари на Јапонскиот народ за поддршката на здравствената устнова. Јапонската влада во 2016 година донираше средства за набавка на современо амбулантно возило, а овој пат донира средства за набавка на мобилен дигитален рендген апарат.

Овој апарат е од исклучителна важност за унапредување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите и поефикасна работа на стручниот медицински персонал – кажа Балески.

Од 1996 година до денес Јапонија поддржала со 7,8 милиони евра 158 проекти во македонското здравство, образование и животна средина. Во рамките на грант програмата за човекова безбедност од Јапонската влада во декември ќе се потпишат 5 проекти и уште неколку до месец март.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top