СВР потврдува дека непознат сторител одзел незначителна сума на пари и златен крст.
СВР потврдува дека непознат сторител одзел незначителна сума на пари и златен крст.
Од таму, најавуваат расветлување на случајот и кривична пријава против сторителот.
Тешка кражба во црквата Св Јован Канео. Непознат сторител влагол во внатрешноста на црквата со употреба на подесувачки алат, со што извршил кршење на катинарот од влезната врата на црквата, потврдуваат од СВР Охрид. Од цркавата одземени се незначителен дел парични средства и златен крст со димензии 40 цм, изјавија од СВР Охрид.
Од СВР Охрид потврдуваат дека годинава до сега се извршени 2 кривични дела тешка кражба на верски објект. Оваа бројка е значително помала во однос на минатата година. Имено во текот на 2008 год. службата регистрирала 6 кривични дела тешка кражба од кои 3 се комплетно реализирани со поднесување на кривична пријава, вели портпаролот на СВР Димоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град