ИЈЗ : Се намалува бројот на новозаразени со коронавирус

За 6,1 отсто се помалку новозаразени со КОВИД-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела, информира Институтот за јавно здравје. 

 |   | 

За 6,1 отсто се помалку новозаразени со КОВИД-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела, информира Институтот за јавно здравје. 

Намалување на бројот на заболени имало кај сите возрасни групи, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од дијагностицираните, односно 23,1 отсто, се повозрасни од 60 години, а најмалку (4,3 отсто) се регистрирани кај децата до девет години.

Во наведениот период биле направени 18 781 тест, што е 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела и од нив позитивни биле 2751 од 35 градови. Речиси половина (46,5 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово, 389,6 на 100 000 жители. Во текот на минатата недела пријавени биле и 44 реинфекции, што е за 10,2 отсто помалку во однос на претходната недела.

Пријавени биле 98 смртни случаи во 24 градови, додека во претходната недела имало 91 смртен случај во 21 град. Статус оздравени стекнале 2829 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во 22 градови во државава има намалување на инциденцата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, а најзабележително е намалувањето во Пробиштип. Во 10 градови пак, е забележано зголемување на инциденцата во последните 14 дена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top