Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, во рамки на кампањата „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“ ќе го одбележат Светскиот ден на СИДА, во Кинотека на Македонија во среда на 1-ви декември.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, во рамки на кампањата „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“ ќе го одбележат Светскиот ден на СИДА, во Кинотека на Македонија во среда на 1-ви декември.
На шест локации низ Скопје ќе биде изведен перфоманс од страна на 15 танчери. На улицата „Македонија”, плоштадот „Македонија”, ГТЦ, East Gate, Vero Jumbo и City Mall во определено време, без претходна најава, ќе се појават учесниците во перформансот. Перформансот е во режија на Ивана Балабанов, а костимографијата е на Евгенија Зафировска. Во времетрање од 10 минути (на секоја локација) изведбата ќе ја пренесе пораката „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!”, а видео-материјалот од настапите ќе биде споделен преку социјалните медиуми.
Во програма:
19:00 – 19:30 Откривање на мурал на Кинотека на Македонија
19:30 – 21:00 Проекција на филм
21:00 – 00:00 Коктел – добротворен настан и промоција на календар 2022
Оваа кампања има за цел да ја потенцираме нашата загриженост за стигмата и дискриминацијата врз која се изложени луѓето што живеат со ХИВ и да делуваме фокусирано на нејзиното сузбивање – велат организаторите.
Активностите се поддржани од Министерството за здравство, Програмата Цивика Мобилитас и Фондот за население при Обединетите нации (УНФПА).
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град