Од оваа среда, 1-ви декември стапува на сила забраната за употреба на пластични кеси, а ќе биде дозволена употреба само на биоразградливи, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина.
Од оваа среда, 1-ви декември стапува на сила забраната за употреба на пластичните кеси, а ќе биде дозволена употреба само на биоразградливи, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина.
Од декември се забрануваат за употреба и амбалажите за пакување или служење храна во угостителските објекти, за почеток само во заштитените подрачја.
Со ваквиот потег треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.
За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.
Ова се дел од мерките вградени во шест пакет закони во делот на управување со отпад што беа донесени во септември оваа година, со цел да се подигне свеста кај населението за намалување на отпадот и да се применат стратегиите и другите политики во Европската Унија за повторна реупотреба и рециклирање, користење на отпадот како гориво и депонирање, како најнепосакувана опција за справување со отпад.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град