Детскиот филм „Мираи“ среда и четврток пред охридската публика

Детскиот филм „Мираи“ во среда и четврток ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 18 часот.

 |   | 

Детскиот филм „Мираи“ во среда и четврток ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 18 часот.

Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој неговата сестра го заслужува.

Влезот ќе чини 100 денари.

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top