Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, а 19 лица починале сите во болнички услови.
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, а 19 лица починале сите во болнички услови.
Најмладите починати пациенти се на возраст од 32, 38 и 52 години, додека највозрасните на 91, 88 и 86 години.
Направени се 2.547 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 152, Битола 33, Охрид 20, Кавадарци и Струмица по 16, Прилеп 14…
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 8.398.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројката на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град