МИСИЈАТА И ВИЗИЈАТА НА ЦРВЕН КРСТ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст од Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата.

 |   | 

Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст од Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата.

Учесниците на настанот се запознаа со историјата на Меѓународното движење на Црвениот крст, основните принципи на работа, мандатот и активностите на компонентите на Движењето и активностите на Црвен крст Охрид.

Целта на настанот е јакнење на програмата за дисеминација и мобилизирање на заедницата за проширување на капацитетите на волонтерската мрежа на ЦК.

Денешната сесија е дел од кампањата ЦК и Меѓународниот комитет на ЦК  за промовирање на улогата на Националното друштво на ЦК во поддршка на државниот институционален систем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top