Пред почетокот на следната сезона плажите ќе бидат уредени за туристите како што доликува на еден современ туристички центар, најави градоначалникот Кирил Пецаков. Плажите ќе бидат уредени од природни материјали согласно препораките на УНЕСКО, 50% ќе бидат со реквизити, а половина слободен простор за граѓаните.
Пецаков најави уредување на плажите на охридското крајбрежје. Тие ќе се вметнат во урбанистичкиот план и ќе се издават под концесија. Плажите ќе се издаваат врз база на јавно наддавање, ќе бидат во согласност со препораките на УНЕСКО, изградени од природни материјали кои не прават штета врз животната средина. На половина ќе има објекти шанкови, лежалки и други реквзити, а останатите 50% ќе бидат слободни за граѓаните.
Имaше и јавен повик по однос на тоа како треба да изгледаат меѓутоа суштината е екологијата како број еден и сите оние теми поврзани со заштита на животна средина ќе предвидат изградба на плажите од природни материјали. И откако ќе ја добеме потребната документација 50% ќе бидат со лежалки, а 50% слободни да може да ги користат граѓаните – вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.
Градоначалникот Пецаков вели плажите не се дивоградби, тие се градени по елаборати и проекти со дозвола од министерството за транспорт и врски, но минатата власт не изнајде начин да ги издаде под концесија.
Не станува збор за дивоградби туку станува збор за проект врз основа на кој што беа издадени плажите на концесија, а претходната локална самоуправа, вклучувајќи ја централната власт од 2017 некаде од 2016 не најдоа за сходно да ги решат концесионерски – додава Пецаков.
До април се очекува да заврши целиот процес за плажите пред стратот на сезоната да бидат уредени како што доликува на еден современ туристички центар.
Претходниот градоначалник Константин Георгиески, третирајќи ги како дивоградби, отстрани дел од објектите на плажата Горица Трета и Лагадин.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град