Се поставува потпорен ѕид на „Римската бања“ кај Плаошник

Во тек се активностите од реализацијата на Проектот за поставување на потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“ на локалитетот Плаошник во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 

Во тек се активностите од реализацијата на Проектот за поставување на потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“ на локалитетот Плаошник во Охрид.

Изградбата на потпорниот ѕид е неопходна за да се спречи свлекување на земјиштето кое  може да предизвика големи штети на римска бања со мозаични подови која датира од I век од н.е. По изградбата на ѕидот ќе се обезбедат и соодветни услови за извршување на конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаиците од бањата.

Реализацијата на овој Проект кој го раководи д.и.а. Анита Танеска, виш конзерватор од НУ Завод и Музеј – Охрид, треба да заврши до средината на месец декември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top