Започнува изградбата на „Македонски Просветители“, најави градоначалникот Кирил Пецаков.
Започнува изградбата на „Македонски Просветители“, најави градоначалникот Кирил Пецаков.
Завршена е целокупната докуемнтација, останува тендерирање на некои постапки во однос на осветлувањето. Рокот за изградба на овој значаен проект е шест месеци.
Ќе имаме комплетно ново булеварско решение, двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти. Паркингот ќе биде префрлен од друга страна. Ќе имаме косо паркирање под агол од 45 степени – изјави Пецаков на денешната прес конференција.
Промените во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика на активности оние кои се започнати и голем број нови проекти кои беа ветени во програмата. Ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина и да покажеме дека не сме сите исти. Народот сака резултати и реализација на исполнувања на ветеното тоа не прави различни. Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку – рече Мицковски претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град