Средното Општинско Стручно Училиште „Св.Кирил и Методиј” ќе биде домаќин на Кампот на иновации 2021. Од училиштето упатуваат голема благодарност до организацијата Џуниор Ачивмент Македонија што ја прифатија нивната апликација.
Џуниор Ачивмент Македонија ја прифати апликацијата на Средното Општинско Стручно Училиште „Св.Кирил и Методиј” да биде домаќин на Кампот на иновации 2021. Со тоа, училиштето доби можност за вмрежување и воспоставување соработка со други средни училишта од земјата и регионот, кои се дел од семејството на Џуниор Ачивмент. Исто така, доби признание за учество и организација на ваков тип активност и ќе биде промовирано на социјалните медуми на Џуниор Ачивмент Македонија.
Со учество на ваков тип активност, СОСУ „Св.Кирил и Методиј” директно влегува во изборот за награда за најпретприемничко училиште организирано на национално и европско ниво.
Тимови формирани од 40 ученици од прва до четврта година од двете струки од економското училиште, правна и трговска, како и здравствена струка се натпреваруваа овие два дена и со помош на волонтери од локалната бизнис заедница понудија интересни решенија на зададениот бизнис предизвик.
Во текот на натпреварот учениците ги зајакнуваа вештините за тимска работа, подготовка на бизнис план и негово презентирање пред жири комисијата. Програмата е поддржана со меморандум за соработка потпишан од Министерство за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука и Бирото за развој на образованието.
Натпреварот е финансиски поддржан од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за иновации и технолошки развој, а се реализира од организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа, основана 1919 г. денеска присутна во повеќе од 120 земји. Оваа мрежа ги спроведува програмите за претприемничко образование и финансиска писменост кои секоја година ги посетуваат повеќе од 10 милиони луѓе.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град