Заврши второ издание на Фестивалот на Француски филм во Охрид

Шарл Азнавур замина од Охрид трогнат од македoнската песна „Јовано, Јованке“.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Шарл Азнавур замина од Охрид трогнат од македoнската песна „Јовано, Јованке“.

Со доделувањето на „Златната маска“ за животно дело на Шарл Азнавур и прикажување на филмот „Такси за Тобрук“,  во кој една од главните улоги ја толкува тој , заврши второто издание на Фестивалот на Француски филм во Охрид. Славниот француски актер и шансионер , Азнавур замина од Охрид трогнат од македонската песна „Јовано, Јованке“ која ја интерпретираше Тања Царовска. Хармонијата на песната ми е блиска со хармонијата на песните од мојот крај , од моите корени искрено призна  Азнавур пред многубројната публика.  

Ivanov i AznavurОваа година и публиката доби можност да одлучува за изборот на најдобар филм, па одлуката падна на филмот „Децата од Тимпелбак“ на режисерот Никола Бари. Додека, стручното жири  во состав од актерката  Лабина Митевска, режисерите  Антонио Митриќески и Дарко  Баиќ од Србија , како и филмскиот критичар Сунчица Унеска за најдобар филм го прогласија  „Хамза“ на режисерот Карим Дриди. Жирито е фасцинирано од борбеноста и храброста на француските филмови кои ги видовме на овој фестивал рече познатиот Српски режисер Баиќ.

На завршната вечер на Фестивалот беше присутен и режисерот  Карим Дриди кој истакна дека наградата им ја посветува на младите актери од филмот кои живеат во многу тешки услови, но имаат енергија и се полни со радост. Тие го изменија мојот живот  кажа при тоа  Дриди.

Инаку,  второто издание на Фестивалот на францускиот филм не ги донесе ланските најавувани новитети. Општ впечаток  е дека Фестивалот ни од далеку не заблеска во сјајот на Канскиот фестивал како што  најавуваа организаторите. На, самиот крај фрли сенка на манифестацијата тоа што Шарл Азнавур не ги удостои новинарите со изјава. Познатиот француски актер Шарл Азнавур кој беше почесен гостин на затварањето, а допатува на фестивалот под покровителство на Министерството за култура, според нивната агенда не дозволија средба со новинарите. Таа привелигија ја добија само преставнците од државниот врв и  градоначалникот  Петрески, со што гостувањето на францускиот уметник доби политичка, а не уметничка конотација. Она што посебно предизвика револт кај новинарите е селективноста, само една ТВ да добие интревју, а останатите како нашата ТВ куќа која постојано ги следеше пресовите на фестивалот беше заборавена.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top