Администрација со ковид сертификати да оди на работа, предлага Филипче

Вработените во јавниот сектор, локалната самоуправа и во сите државни институции треба да покажат потврда дека имаат примено барем една доза вакцина за да одат на работа предлага Комисијата за спречување заразни болести, како мерка против ковид-19, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

Вработените во јавниот сектор, локалната самоуправа и во сите државни институции треба да покажат потврда дека имаат примено барем една доза вакцина за да одат на работа предлага Комисијата за спречување заразни болести, како мерка против ковид-19, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тие што не се вакцинирани, а работат во јавната администрација ќе треба еднаш неделно да прават ПЦР тестирање, но на своја сметка. Како важечки документ ќе се земе и доказот за прележаност на вирусот во последните 45 дена, сметано од денот на оздравувањето. Луѓето, пак, кои заради здравствени причини не смеат да се вакцинираат ќе треба да достават специјалистички извештај за причината. Министерството за здравство ќе излезе со список на болести и на специјалисти кои може да ги издаваа тие извештаи – рече Филипче.

Тој препорача кон овие мерки да се приклучат и приватните компании. До Министерството стигнало и писмо со слични барања од Сојузот на стопански комори, па Филипче смета дека ќе може и приватните компании да се приклучат кон мерките.

Комисијата предлага и вакцинацијата за здравствените работници да биде задолжителна.

На прашањето што ќе се прави со тие што не сакаат да се вакцинираат, дали ќе им се дозволи да одат на работа, министерот Филипче рече дека верува дека ќе има добар одѕив и дека сите ќе се вакцинираат.

Филипче вели дека ќе се предложи секоја институција да назначи лице кое ќе врши проверка на сертификатите.

Министерот изјавата ја даде по завршувањето на состанокот со Комисијата. Предлозите за нови рестриктивни мерки што ги дава Комисијата за спречување заразни болести, треба да ги разгледа Владата, а на сила треба да стапат 10 дена откако ќе поминат на владина седница.

Според податоците на Министерството за здравство 38 отсто на населението во земјата има примена две дози вакцина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top