Градоначалникот на Општина Охрид објавува Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2022 година.
Градоначалникот на Општина Охрид објавува Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2022 година.
Од Општина Охрид информираат дека заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2022 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Предлог проектите да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош и конкретни активности, со цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2022 година.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог идеја, каде детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.
Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за социјална заштита во текот на 2022 година.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид за 2022 година“ лично во архивата на Општина Охрид
Јавниот повик ќе трае 8 дена од денот на објавувањето (до среда 24 Ноември до 13.00 часот).
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:
Избраните проекти за финансирање ќе бидат составен дел од Програмата за социјална заштита. Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за детска, здравствена и социјална заштита).
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град