Бавно оди изградбата на автопатот Охрид-Кичево

Бавно оди изградбата на автопатот Охрид Кичево. Автопатот, во должина од 57 километри, кој почна да се гради во 2014 година, требаше да биде готов до 2018 година, но според образложението на надлежните институции поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен 30 јуни годинава.

 |   | 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес апелираше да се закаже седница на собраниската Комисија за транспорт и врски со цел да се усвои законот со којшто преку Анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, ќе се продолжи рокот за неговата изградба. Без совладување на оваа административна пречка, ние не можеме да имаме сериозни високи градежни активности во рокот на наредниот период. Планот е овој автопат да се заврши до крајот на 2023 година и тоа со максимални напор, информира министерот.

Има фронт за работа. Прашањето е колку поскоро Собранието ќе го усвои законот за продолжување на рокот за да можат компаниите да влезат со работа и да продолжат. Ние го пуштаме апелот и апсолутно од исклучително значење е не за една, друга, трета политичка партија, ова е најмногу важно за граѓаните, за државата да конечно го комплетираме овој Коридор 8. Таму има градежни работи, но како што посочи, динамиката не може да биде со потребното темпо, токму поради тоа што постојат институционални пречки кои треба да се решат во моментот во Собранието – додаде Бочварски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top