Вчера стартуваше реконструкцијата на доводен цевковод за водоснабдување на градот Струга. Со оваа инвестиција започнува првата фаза за реконструкција на главната водоводна мрежа на град Струга и воедно претставува најава за следната фаза која што ќе опфаќа реконструкција на секундарната водоводна мрежа за град Струга, информираат од општината.

Новиот мандат го започнуваме со одличен проект во најчувствителното подрачје на општина Струга, поделба на водоводот со современи цевки во селата и влезот на Струга, проект кој ќе претходи на постепена замена на азбестните цевки, долгогодишен проблем кој во соработка со градоначалникот Рамиз Мерко ќе го решиме овој мандат – вели директорот на ЈП Водовод и канализација-Струга, Дашмир Насуфи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град