Охриѓани бараат да се стават во функција семафорите кај школото „Христо Узунов“

Граѓаните на Охрид бараат под итно да се стават во функција семафорите кај училиштето „Христо Узунов“. Светлосната сигнализација е потребна за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. За овој проблем охриѓани алармираа во рубриката „Ти си твојот град“.

 |   | 

Охриѓани бараат активирање на семафорите кај училиштето „Христо Узунов”. Светлосната сигнализација на крстосницата меѓу улиците „Питу Гули” и „Марко Нестороски” во близина на Горна влашка маала е надвор од фунцкија подолг период.

Граѓани од оваа населба се пожалија во рубриката „Ти си твојот град“ и бараат надлежните да ги стават семафорите во функција поради поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крстосницата е без сигнализација, во училиштето има стотици деца, сите се загрозени. Се плашиме кога минуваат улица. Надлежните веднаш да преземат мерки и да ги стават во функција семафорите – пишуваат загрижените граѓани.

Од Полициската станица за сообраќај велат семафорите се надвор од функција поради дефект.

Секторот за комуален развој, сообраќај и улици при општина Охрид во 2016 година ги стави во функција семафорите, но речиси две години тие повторно не работат.

 

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top