ТВМ телевизија врши засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Целта е младите во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца да се запознаат со можноста што им ја нуди нашата ТВ куќа, а тоа е да бидат активни млади, да се вклучат, да ни испраќаат фотографии, да ни пријавуваат проблеми.
ТВМ телевизија изминатиот период со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град”. Рубрика во која централното место го имаат граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Лесно и едноставно пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а екипата на ТВМ истите тематски ги обработува во информативната програма. Во рубриката огромен број граѓани ни испраќаат фотографии за убави нешта или критики, за што добиваат и наградни ваучери.
Со овие промотивни активности, сакаме да ја анимираме и помладата популација, во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца.
Избравме повеќе угостителски објекти, кои што претежно ги посетуваат младите се стациониравме со нашиот банер, преку директна комуникација со посетителите им делевме промотивни флаери и ги запознавме со нашата рубрика.
Ги охрабривме да ни пријавуваат проблеми, критики, настани, случувања. Да ни испраќаат фотографии, да бидат активни и да се вклучат. Охриѓани велат се запознаени со рубриката и ја поздравуваат оваа идеја на ТВМ телевизија.
Ја посетивме и општина Дебрца, таму збиралиштата на жителите се пред маалските продавници. Посетивме и некои домови на жителите во селата Ботун, Белчишта, Средорече и Лешани.
Првиот викенд за промовирање на проектот го извршивме во градот Охрид, а вториот викенд бевме во општина Дебрца.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град