Александар Китески е назначен за нов секретар на општина Охрид.
Александар Китески е назначен за нов секретар на општина Охрид.
Голема е одговорноста којашто денеска ја добив од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Кирил Пецаков да ја извршувам функцијата Секретар на Општината. Гарантирам и се обврзувам пред Охриѓани на чесна и одговорна работа, посветеност, ред и дисциплина. Општинската администрација го заслужува тоа затоа што нејзините атрибути се стручна, професионална и одговорна администрација. Нашата цел е истата да биде ставена во функција на народот, затоа што Охрид и Охриѓани го заслужуваат тоа – напиша Китески на својот фејсбук профил.
Инаку, Китески е дипломиран правник, а во 2017 година беше и директор на ЈП Охридски Комуналец.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град