Македонската полиција во ИПА

СВР Охрид, денеска официјално ја вклучи Македонија во членството на Интернационалната полициска асоцијација.

 |  Николовска Билјана  | 
logo
лого

СВР Охрид, денеска официјално ја вклучи Македонија во членството на Интернационалната полициска асоцијација. 

Претставниците на ИПА, од Охрид ја пренесоа главната цел на најголемото меѓународно здружение : пријателството помеѓу полицијата во светот резултира со подобра работа и постигнати резултати.

inspektoriЌе се формира ИПА клуб и во Македонија. СВР Охрид од денеска се приклучува во големото меѓународно полициско здружение Интернационалната полициска асоцијација, заедно со СВР Битола. ИПА претставува независно здружение кое што не е поврзано со ниту една институција или било кое друго здружение. Таа воедно е отворена за полициските службеници од сите меѓународно признати земји без оглед на јазикот, расата, религијата и другите погледи во светот. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, вели дека иницијативата што ја покренал Охридскиот сектор, сигурно во иднина ќе ја оправда целта на членството.

Хрватскиот Председател Миленко Видак рече дека неговата земја, со задоволство је прифаќа улогата на менторство врз Македонските претставници од полиција.

ИПА клубовите издаваат брошури и новини за работата на полицајците, зависно од земјата нарачател рече Австрискиот претставник, Рене Кошар. Тој додаде дека во иднина и Македонија ќе биде вклучена во тој дел

ИПА во моментов има над 300 000 членови полициски службеници од 63 земји во светот. Таа нуди помош на своите членови во земјата и странство, користење на ИПА куќи и договорени попусти во одредени трговски објекти, хотели, авто салони и др.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top