Досегашниот градоначалник на Охрид Константин Георгиески му го честита на Кирил Пецаков изборот за нов градоначалник. Кажа дека за време на неговиот мандат од две и пол години биле реализирани крупни проекти, а зад себе остава и проекти спремни за реализација во идниот период. Им се заблагодари на охриѓани и кажа дека му било чест да им служи.
Константин Георгиески, градоначалникот во заминување, на својот наследник, Кирил Пецаков денеска му ја честита победата.
Ја користам оваа прилика да му го честитам изборот на новиот градоначалник на Охрид, господинот пратеник Кирил Пецаков, да му посакам пред се добро здравје и успех во работата – истакна Георгиески.
Георгиески им се заблагодари на сите граѓани кои гласаа за него на локалните избори.
Ми беше чест овие две и пол години да им служам на граѓаните на Охрид и на Охрид. Решававаме навистина крупни проблеми, сработивме големи проекти кои ќе останат зад нас, а оставаме и проекти кои се подготвени за реализација како Македонски просветители и катна гаража, плоштадот Чинар и други – додаде Георгиески.
Со вчерашниот ден заврши едно поглавје од мојот живот кое вклучуваше политички ангажман, кажа Георгиески. Во врска со идните планови додаде дека ќе се посвети на професијата и ќе продолжи да работи како лекар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град