Кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески утрово гласаше во ОСУ „Св Климент Охридски“. Георгиески на гласањето беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека очекува граѓаните да го направат вистинскиот избор за Охрид да продолжи да се движи во правилна насока.

Посакувам граѓаните на Охрид во мирна и достоинствена атмосфера да го искористат своето гласачко право и да го направат најдобриот избор за да продолжиме во Охрид заедно да реализираме уште повеќе проекти, да работиме на имплементација на препораките на УНЕСКО, да ги реновираме училиштата итн. Сакам се да помине во најдобар ред на денешниот изборен ден. Што се однесува до кампањата во изминатите две недели, таа измина во една коректна и фер атмосфера. Ние допревме до сите тие граѓани, гласачи коишто во првиот круг од одредени причини не излегле на гласачките места, ги претставивме повторно нашите визии и проекти и се надевам дека граѓаните ќе одлучат Охрид да продолжи да се движи во правилна насока – изјави Георгиески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град